ЖИВЕАМ ВО ОБЛАЦИТЕ (Clouds) c
Живеам во облаците,
мислите со секој облак
патуваат во бескрајот
од небесната шир.
Ѕвездите ми го осветлуваат патот,
трепкајќи, една до друга
одѕвонуваат, пеејќи ја
мелодијата на љубовта.
Живеам во облаците,
сонувач сум, на убави сништа, и никој не може
да ми ги земе..
Распослана на нив, лебдам,заносно во убавината, далеку
од било која небиднина.
Толку убаво е да си далеку, од се она што ти
ја зема среќата,
што ти го крши срцето,
што ти ја мори душата.
Живеам во облаците
со мислите, само со тебе,
со нашата неуморна љубов,
нашите возвишени чувства во екстазата
на кулминацијата на
совршеноста од нашата
љубов.
Живеам во облаците
без страв,
само јас со моите мисли
кон тебе,
патувам онаму каде тие се движат,
а јас ги насочувам кон
разбранување на чувствата што во себе
ја кријат само љубовта.
Милка Минкова